Ноќва снег и магла на следните патни правци

118

Намалена видливост поради појава на магла од 50  до 70 метри има на планинскиот превој Стража и од 70 до 80 метри на патниот правец Штип – Неготино. Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози.

Врнежи од дожд и снег со слаб интензитет се бележат во Крушево, Маврово и на планинскиот превој Стража, но во моментов не претставуваат пречка за одвивање на сообраќајот, соопшти ЈП „Македонија пат“.

На одредени патни правци кои поминуваат низ клисури и усеци можна е појава на поситни одрони.

ЈП „Македонија пат“ апелира на внимателно возење и прилагодување на брзината кон условите на патот. Информираат дека нивните дежурни екипи се постојано на терен и ги одржуваат сите патни правци проодни.

За сите подетални информации граѓаните можат да се јават на дежурниот телефон 02/ 25 61 502 или на  веб-страница www.makedonijapat.com.mk

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.