Нобелот за медицина на тројца научници за откривање на вирусот на хепатитот Ц

2020 Nobel Prize in Physiology or Medicine during a press conference at the Karolinska Institute in Stockholm, Sweden, 05 October 2020. (L-R) on the screen are Harvey J.† Alter, Michael Houghton and Charles M† Rice, the three laureates who win the 2020 Nobel Medicine Prize. EPA-EFE/Claudio Bresciani / POOL SWEDEN OUT

Новеловата награда за физиологија и медицина во 2020 година им е доделена на Британецот Мајкл Хоутон и Американците Харви Олтер и Чарлс Рајс, за „откривањето на вирусот на хепатитот Ц“, објави во понеделникот на својот веб-сајт Нобеловиот комитет.

Научниците се наградени за „извонредниот придонес“ во борбата против хепатитисот, „големиот глобален здравствен проблем кој предизвикува цироза и рак на црниот дроб“, се вели во објавата на шведскиот Институт Каролинска, кој е задолжен за изборот на лауретите за Нобеловата награда во областа на медицината и на хемијата.

Откритијата на Олтер, Рајс и Хоутон беа клучни за откривањето на овој вирус. Олтер заедно со колегите од Националниот институт за здравство на САД, истражувале случаи на хепатитис кај пациенти кои примиле трансфузија на крв. Научниците докажале дека покрај веќе познатите хепатитис А и хепатитис Б, постои и друго заболување слично на нив. Непознатиот патоген може да се пренесе на шимпанзата. Заболувањето го нарекле хепатитис „ни А, ни Б“.

Мајкл Хоутон работел на изолирање на генетската основа на овој непознат вирус. Од примероците на крвта земена од шимпанзата и луѓето, Хоутн и неговите колеги изолирале фрагменти од РНК на вирусот и по понатамошната анализа открле дека тој припаѓа на семејството Flavivirus. Го нарекле вирус на хепатитот Ц.

Заслугата на Чарлс Рајс се состои во натамошните истражувања на генетската структура на откриениот вирус. Заедно со научници од Универзитетот Вашингтон во Сент Луис, тој индетификувал место во геномот на патогенот кое имало важна улога во неговата репродукција. Овој и другите резултати од работата на Рајс убедливо докажале дека само вирусот на хепатитот Ц е виновен за инфекцијата на пациентите кои биле подложени на трансфузија на крв со непозната болест.

Откривањето на вирусот на хепатитисот Ц претставува пресвртница во борбата против вирусните болести, пишува Нобеловиот комитет во своето образложение. Тоа дозволува создавање високо чувствителни методи на анализа на крвта, кои го отстрануваат ризикот од инфекција преку трансфузија. Откритието, исто така, означи почетокот на создавање ефикасни препарати за хепатитисот Ц, велат експертите.