Нобеловата награда за економија за емпириското гледиште на економијата на односите

Економистите Дејвид Кард, Џошуа Ангрист и Гвидо Имбенс се добитниците на Нобеловата награда за економски науки за проучувањето на имирацијата, минималната плата и образовање на пазарот на трудот со алатката за природонаучните експерименти.

Имиграцијата со години е жешка тема во многу земји, а пандемијата на Covid-19 отвори нови прашања и дополнително го зајакна фокусот низ поизразениот проблем од недостиг од работните сили.

Годинешните лауреати, професорот од повеќе американски универзитети Дејвид Кард, Џошуа Д. Ангрист и Гвидо В. Имбенс, пружале нови спознаи за пазарот на трудот и покажале кои се заклучоци за причините и последиците може да се извлечат од природнонаучните опити, се наведув во соопштението на Шведската кралска академија на науките.

„Клучно е да се користат ситуациите во коишто случајните настгани и промени на прописите резултираат со различен третман на луѓето, како што е случајот со клиничките испитувања во медицинта“, се додава во соопштението на академијата.

Кард во истражувањето на влијанието на имиграциите, минималните плати и образованието на пазариет на трудот утврдил дека подигнувањето на минималните плати не резултира нужно со помал број работни места. Неговите истражувања покаќале и дека имиграцијата може поволно да влијае врз приходите на граѓаните редени во одредена земја, а негативно на оние коишто како имигранти дошле во неа претходно.

„Дознаваме и дека русурсите во училиштата се многу поважни за идниот успех на пазарот на трудот отколку што досега се мислеше“, додава Шведската кралска академија на науките.

Џошуа Ангрист и Гвидо Имбенс покажале, пак, како да се извлечат прецизни заклучоци за причините и последиците од експериментите коишто, на пример, покажале дека продолжувањето на задолжителнот образование различно влијаеле врз учениците.

Податоците од пророднонаучните опити тешко може да се протолкуваат, некои ученици продолжиле со школувањето и за нив вредноста на образованието често не е репрезентативно за целата група. Значи, се наметнува прашањето дали е воопшто можно да се извлечат какви и да се заклучоци од ефектот на дополнителните години во образованието, се додава во соопштението.

„Кон средината 1990-та Џошуа Ангрист и Гвидо Имбенс го решиле овој методолошки проблем, покажувајќи дека прецизните заклучоци за причина и последиците може да се извлечат од природонаучните опити. Истражувањето на Кард на основните општествени прашања и методолошкиот придонес на Ангрист и Омбенс покажале дека природнаучните експерименти се извор на знаењето“, заклучува шведската академија.

Економистот Давид Кард роден во 1956 години во Канада и е професор на Универзитетот Баркли во САД. Џошуа Д Ангрист е роден 1960-та во САД и е професор на Тенолошкиот институт Масачусетс (MIT). Гвидо В Имбенс роден е во 1963 година во Холандија и е професор на америкаснкиот универзитет Стенфорд.

Добитниците ќе им припадне парична награда од вкупна 10 милиони шведски круни, околу милион евра, при што на Кард ќе му припадне половина од износот, а Ангрист и Имбенс ќе ја поделат втората половина.

Наградата за економија е воспоставена во 1968 година по повод 300-годишнината на шведската централна банка. Дополнително е додаде на другите Нобеловите награди кои се доделуваат од 1901 година според тестаментот на шведскиот индустријалец и изумител на динамитот Алфед Нобел.