Нобеловата награда за хемија за развојот на литиум-јонските батерии

Лауреати на Нобеловата награда за хемија за 2019 година се Џон Гуденоф, Стенли Витинхам и Акира Јошино, за развојот на литиум-јонските батерии, соопштија во средата од Новеловиот комитет.

„Овие лесни, кои можат да се полнат и моќни батерии сега се корастат насекаде – од мобилните телефони до лаптопи и други електронски уреди, за да ги придвижува преносните електронски уреди кои ги користиме во комуникации, работата, образованието, за слушање музика и трагање по знаења. Овие батерии овозможиле развој на електричните возила со поголем досег. Тие, исто така, може да складираат доволно електрична енергија која се добива од обновливите извори на енерги, како сонцето и ветерот, што овозможува општеството да се ослободи од фосилните горива“, се вели во официјалното соопштение за медиумите на Нобеловиот комитет.

Последните години експертите постојано предвидуваа дека Нобеловата награда од областа на хемијата ќе биде доделена на дизајнерите на литиум-јонските батерии. Но минатата година наградата ја поделија Американецот Френсис Арнолд „за насочената еволуција на ензимите“ , како и Американецот Џорџ Смит и Британецот Грегори Винтер „за истражувањата во областа на пептидите и антителата“.

Американецот Џон Би Гуденоф од Универзитетот Тескас во Остин и Стенли Вајтихме од Универзитот во Бингмитон во државата Њујорк и Јапонецот Акира Јошино од универзитетот Меијо од Нагоја „создадоа свет кој може да се полни“, наведе во соопштението Шведската кралска академија на науките.

Така, 97-годишниот Гуденоф стана најстариот добитник на Нобеловата награда.

Темелите на литум-јонските батерии се поставени во текот на нафтената криза во 1970-те години. Тогаш Стенли Вајтинхем работел на развојот на методи кои би отвориле пат на технологиите без користење на фосилните горива. Почнал да ги истражува суперпроводници и открил материјал извонредно богат со енергија кој го употребил за создавање на иновативна катода во литиумската батерија. Тоа е направедно со титаниумов дисулфид кој на молекуларно ниво има простор кој може да прими – интеркалира литиумски јони.

Батериската анода делумно била направена од металичен литиум кој има силен капацитет за отпуштање електрони. Тоа резултирало со батеријата која имала голем напон, нешто повеќе од два волта. Но, овој литиум е реактивен и батеријата била премногу експлозивна за да биде одржлива.

Џон Гуденоф процвенил дека катодата би имала уште поголем напон кога би била направена со користење на металниот оксид наместо метелниот сулфид. По систематска потрага, тој во 1980 година покажа дека кобалтниот оксид со интеркалираните литиумски јони може да произведе толку волти. Тоа преставувало пресврт кој ќе води до уште посилни батерии.

Користејќи ја катодата на Гуденоф како основа, Акира Јошино ја создаде првата комерцијална литум-јонска батаерија во 1985 година. Наместо реактивниот лотиум за андодата користел метаријал од јалгород кој како катодата од кобалтен оксид можел да ги инеркалира литиумските јони. Резултатот бил лесна отпорна батерија, која може да се полни стотици пати пред да почне да слабее.

Предноста на литиум-јонските батерии е што не се потпираат на хемиски реакции со кои се разградуваат електроните, туку на литиумските јони кои се движат напред-назад меѓу анодата и катодата. Литиум-јонските батерии внесоа револуција во животот на луѓето од првото појавување на пазарот во 1991 година и создадоа основи за безжичнот оопштество без фосилни горива и се од најглема полза за човештвото, наведува комитетот за доделување на Нобеловата награда.

Нобеловата награда за хемија првпат е доделена во 1901 година, и оттогаш 181 научник стана нејзин лауреат.

Оваа седмица членовите на Нобеловиот комитет само ги објавуваат имињата на лауреатите, а самото врачување на признанијата ќе се одржи на церемонијата во Стокхолм на 10-ти декември. Покрај медалот, добитниците на наградата ќе добија и по 9 милиони шведски круни, или околу 914.500 американски долари.