Нобеловата награда за хемија за годинава ја добијата американските научници Френсис Арнолд и Џорџ Смит, и Британецот Фреори Винтер, чиешто истражување е вдахновено со принципот на дарвинистичката еволуција, а им послужило за изана на својствата на протеините во терапевтски или индустриски цели.
„Откритието на тројцата научници го отвора патот за производство на нови материјали и чисти биогорива, како и за реализација на иновативните терапии“, стои во образложението на шведската Кралска академија на науките.
Научниците се наградени за истражување на развојот на протеини кои би требало да ги решат проблемите на човештвото со хемиските производи, се наведува уште во образложението.
Според Нобеловиот комитет, истражувачите успеале „да ја совладаат моќта на еволуцијата“,. „Тие ја земаа под контрола еволуцијата и ја користеа за доброто на човештвото“, се истакнува.
Половината од наградата му припаѓа на Арнолд, чијшто труд на ензимите, протеини кои ги катализираат хемиските реакции, помогнал во производството на еколошки прифатливите лекови и другите материи, како и во производството на обновливите горива. Таа е сао петтата жена во историјата којашто ја добива Нобеловата награда за хемија.
Втората половина ќе ја поделат Смит и Винтер за нивниот труд на лабораториската техника за обработка на пептидите и антителата, којашто помага во производството на антителата способни да ги неутрализираат токсините и да ги запрат автоимуните блести и да излекуваат метастази.
Тројцата научници ќе добијата по девет милиони шведски круни, или малку над милион американски долари. Наградата за хемија е третата по ред којашто се доделува, претходно седмицава беа прогласени лауреатите во областите на медицината и физиката.