Нобеловата награда за книжевност за Олга Токарчук и Петер Хaндке

Добитничка на Нобеловата награда за книжевност за минатата 2018 година е полската писателка Олга Токарчук, а за 2019 година е австрискиот книжевник Петер Хандке, објави во четвртокот Шведската академија.

Како што се истакнува во образложението, Олга Токарчук е нарадена за „наративната имагинација коај со енциклопедиска страст го претставува минувањето на границата како облик живот“, а Петер Хандке за „влијателен труд кој со линвистичка инвентивност ги истражувал периферијата и специфичноста на човековото искуство“.

Одлуката за доделување на наградите ја донесе проширен комитет во кој биле четворица членови на Шведската академија и пет надоврешни стручњаци.

Годианва се доделени две награди, бидејќи Шведската кралска академија минатата година, првпат по седумдесет години, одлучи да го одложи прогласувањето на лауреатот на Нобеловата награда за книжевност, поради скандалите со сексуално злоставување.

Добитникот на Нобеловата награда за книжевност му припаѓа награда, диплома и медал, на кој се вгравирани стиховите од „Енеида“ на Вергилиј: „Inventas vitam juvat excoluisse per artes“ односно „оние кои со своите знаење го направија животот на земјата подоба“.

Од 1901 година до денес Нобеловата награда за книжевност е доделена 110 пати, а ја примиле 114 лауреати, од кои 14 се жени. Првиот добитник е францускиот поет и филозоф Сули Прудом. Просечната возраст на лауреатите е 65 година, а најмладиот добитник до денес е Радјард Киплинг најпознат по „Книга за џунгалата“, која Нобеловата награда ја добил 1907 година на возраст од 41 година. Стотина години по него, во 2007 година ја добила 88-годишната Дорис Лесинг, до денес најстарата добитничка на наградата.

За разлика од другите катергории, наградата за книжевност на две лица доделена е само четири пати: во 1904 година на Федерик Мистрал и Хозе Ечегарај, во 1917 година на Карл Гјелеруп и Хенрик Понтопидан, во 1966 година Шмуел Јозег Агнон и Нели Закс, и во 1974 година на Ејвинд Јонсон и Хари Мартинсон,

Првата жена на која ѝ е доделена Нобеловата награда за книжевност е Швеѓанката Селма Лагерлоф. Наградата ја прими во 1909 година, а пет години потоа е избрана во Шведската академија која ја доделува оваа Нобелова награда.

Оваа награда никогаш никому не му доделена двапати, а досега ја одбиле двајца творци. Во 1958 година Борис Пастернак прво ја профатил, но потоа ја одбил, според официјалните наводи под притисок на советските власти, а во 1964 година и Жан Пол Сартр, кој ги одбивал сите официјални признанија.

Добитниците се автори од различно јазично и културолошка потекло, без оглед на тоа даки станува збор за веќе прославен или за непознат книжевник.

Најмногу добитници на наградите – 29, пишувале на англиски јазик, а следат францускиот, германски и шпански. Тројца нобеловци пишувале на два јазика – Рабиндрант Тагоре пишувал на бенгалски и англиски, Семјуел Бекет на француски и англиски, а Јосиф Брофски поезијата на пишувал на руски, а прозата на англиски јазик.

Освен минатата година, наградата за книжевност не е доделена во 1914, 1918, 1935, 1940, 1941, 1942 и 1943 година.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.