Нобеловата награда за мир за премиерот на Етиопија

Добитник на Нобеловата награда за мир за 2019 година е етопискиот премиер Абиј Ахмед Али поради миротворството и решавањето на пограничниот спор со соседна Еритреја, објави во Осло, норвешкиот комитет за доделување на наградата.

„Етиопскиот премиер Абиј Ахмед Али е награден со Нобеловата награда поради напорите за остварување на мирот и меѓународната соработка, особено за својата решителна и пресудна иницијатива за решавање на пограничниот судир со соседна Еритреја“, се наведува во образложението на наградата.

Етиопија и Еритраја поради спорната граница војуваа од 1998 до 2000 година. Односите ги обновија во јули 2018 година, по долгогодишните непријателства.

Етиопскиот премие е избран од листата од 301 номинирани личности и организации и се сметаше за еден од фаворитите. Како веројатни добитници беа споменувани и шведската еколошка активистка Грета Тунберг, премиерот на Нова Зеланд, Џасидна Ардерн, и поглаварот на бразилското племе Кајапо, Раони Метитур…

Шефицата на комитетот, Нерид Реис-Андерсент, изјави дека Нобеловата нафрада „ќе го зајакне премиерот Абиј во неговата важна работа на мирот и помирувањето. Оваа награда претставува признание и охрабрување. Мирна, стабилна и успешна Етиопија ќе има многу позитивни ефекти и на регионот“, додаде Реис-Андерсен.

Етиопија е втората африканска земја според бројот на населението и е најсилната источноафриканска економија. Откако дојде на власт во април 2018 година, по долгогодишните протести против повеќето рани влади во Етиопија, 43-годишниот Абиј Ахмед започна со затоплувањето на односите со Еритреја, поранешна етиопска покраина.

Неговата рака на помирување ја прифати еритрејскиот претседател Исаијас Афеворки, и тие двацјата во јули минатата година потпишаа договор со кој се стави крај на дваестгодишната воена состојна во двете земји. Отворени се амбасади и гранични премини, востановени се воздушни врски, и започна помирувањето.

Славен како визионер и реформатор, младиот лидер кој доаѓа од сиромашно семејство, донесе оптимизам во регионот во кој тоа не се случува често. „Ветрот на надежите дувна на Африканскиот рог“, рече генералниот секретар на Обединетите нации, Антониот Гутереш во септември 2018 година.

Норвешкиот комитет не успеал да го контактира Абиј пред објавата и прв нему да му соопшти дека ја добил Нобеловата награда за мир. „Ако сега ме гледа, сакам најтопло да му честитам“, порача Реис-Андерсен.

Наградата за мир е една од петте кои го наследство кон крајот на XIX век ги востанови шведскиот индустријалец и изумител Алфред Нобел. За разлика од другите награди и како што е замислено од основачот на Нобеловиот фонд, церемонијата на врачување на признанијата се одржува истиот ден како и во Стокхолм, на 10-ти декември.

Имињата на лауреатите се објавуваат секогаш во седмицата од 7-ми до 14-ти октомври. Претходно седмицата беа објавени добитниците на Нобеловите награди за медицина, физија, хемија и литература. Паричната награда за 2019 година изнесува 9 милиони шведски крун, или малку повеќе од 900.000 американски долари.