Ноер: Имаме голема одговорност, ако сезоната продолжи во Германија, целиот свет ќе не следи

Голманот на Баерн, Мануел Ноер го сподели своето мислење за продолжување на сезоната 2019/20 во Бундеслигата.

– Одлуката за продолжување на сезоната ќе има последици во секој случај. Ова ќе влијае и на аматерски и младински тимови, како и на другите спортови покрај фудбалот. Сите европски земји, целиот свет ќе гледаат пример во нас. За нас, ова е неверојатна одговорност, мора да го запомниме ова. Мора да разбереме дека нешто што се случува сега е многу важно. Фудбалерите се дел од општеството во улога на модели. Се разбира, ние само сакаме да играме фудбал, но сега тоа не е доволно, изјави Ноер.

Сезоната во Бундеслигата беше прекината поради пандемијата на коронавирус. Претходно беше објавено дека сезоната може да продолжи на 15 мај.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.