Ноќни патроли на Флорида трагаат по бурмански питони

Ретките животински видови кои претставуваат голема закана за екосистемот на Флорида, како што е бурманскиот питон кој нема природен непријател, може без проблеми да се шират во оваа американска сојузна држава.

Поради тоа Том Рејхил се решил да ги минува ноќите во националниот парк Еверглејд со цврста одлука да помогне во искоренувањето на опасниот вид змија, инвазивен вид кој им се заканува на автохтоните животни.

„Не доволувајте да бидете измамени, тоа е убаво животно. Но за него тука нема место. Го нарушува екосистемот“, вели за AFP овој 62-годишник, кој седи со рептил од овој вид од три метра должина обвиткан околу вратот кој штотуку го уловил.

Во текот на ноќите Рејхил престојува во оваа мочварна област полна со комарци, крокодили и питони кои се сѐ побројни. Со истата цел во Еверглејдс доаѓа и 60-годишната Ен Гордон Вега.

Бурманскиот питон потекнува од југоисточна Азија и стана вистински проблем откако се појави на Флорида во 1980-те години. Американската влада го забрани неговиот увоз во 2012 година. Негов плен се кучиња, мачки, птици, верверици, зајаци, па и помали крокодили.

Рејхел и Гордон се меѓу 25-те работници по договор ангажирани во рамките на програмата којашто агенцијата на владата на Флорида ја започна 2017 година поради „хумана евтаназија“ на овој вид влекачи. Ловците на питоните добиваат 50 долари за секоја змија долга 1,2 метри, и бонус од 25 долари за секои дополнителни триесет сантиметри. Тарифата натаму вели дека за искоренување на гнездо се плаќа 200 долари.

За женката која ја носел на вратот, Рејхј вели дека таа „веројатно, доколку не ја фативме, би положила меѓу 25 и 30 јајца, а од 90 отсто од нив би се излегле питони“.