Номинацијата на Трамп без присуство на медиумите

Гласањето на коешто американската Републиканска партија подоцна месецов ќе го номинира Доналд Трамп за повторен мандат на ноемвриските претседателски избори ќе се одржи без присуство на медиумите.

Портпаролката на Републиканската национална конвенција навела дека здравтвените препораки за справување со епидемијата на коронавируспот во САД се причин за ваквата одлука.

Делегатите треба да пристигнат во сојузната држава Северна Каролина за формално да го номинираат актуелниот републикански претседател Доналд Трамп. Вкупно 336 делегати ќе се соберат на 24-ти август во Шарлот и ќе гласаат во името на 2.500 официјални делегати.

Трамп е единствен кандидат во трката за партиската номинација и потврдата на неговата номинација ќе го означи официјалното започнување на неговата предизборна кампања.

„Партијата делува во рамките на параметрите кои се одредени со лолканите и државните препораки за бројот на лицата кои може да присуствуваат на настанот“, го појаснија републиканците решението од настанот да бидат исклучени медиумите.

Одлуката претставува и промена на значењето на конвенцијата, којашто досега секогаш беше организирана и насочена на привлекувањето на медиумското внимание, за да можат партикските пораки да бидат пренесени до што поширок аудиториум. Досега на повеќедневните партиски собири говореа истакнати партиски првенци, а се обраќаше на крајот и самиот избран кандидат за претседателските избори.

Републиканската конвеција првично беше преместена на Флорида, откако демократскиот гувернер на Северна Каролина во мај во обидот да го опструира собирот на политичките противници инсистираше на голема ограничување на присутните поради коронавирусот. Но Флорида отпадна откако во оваа сојузна држава започна зголемувањето на бројот на заразените.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.