Нонковиќ: Левицата одлично одигра против сопствената држава и народ

Нонковиќ: Левицата одлично одигра против сопствената држава и народ.
Нонковиќ: Левицата одлично одигра против сопствената држава и народ
Нека ми кажат „шарените“ колку членови имаат во нивната организација кои во 2001 година биле македонски бранители, кога исто Македонија беше нападната за да биде поделена, а колку од другава страна. Јасна е работата, повторно се игра игранка за да се разнебити Македонија и повторно имаме „илинденци“ кои сега за среќа многу мудро и мирно реагираат затоа што му веруваат на лидрот, е сега и тој за прв пат вчера после две години од кризата призна дека веќе ниту тој со сета своја умешност и моќ не успева да задржи и тоа му го препишуваат другиве дека он сега ги мотивира за да реагираат.

Тој смета дека се игра на карта да се закрви македонскиот народ.

-Они се зезнаа 2001 година зошто го обединија македонскиот народ активирајќи го албанскиот фактор и они сфатија дека не можат со странични играчи да ја рушат Македонија затоа што се обединува народот и сега многу мудро и другата страна е мудра, сега прво внатрешно да го поделат Македонецот и тогаш полесно да можат- раздели па владеј, рече Нонковиќ и додаде дека левицата одлично одигра против сопствената држава и народ.

-Како и секогаш низ историјата на македонскиот народ, левицата секогаш била таа која ги предавала државните и националните интереси.

Според Нонковиќ, многу брзо ќе има нов договор.

-Дали тоа ќе се случува повторно негде надвор- Брисел, Стразбур, Виена или на друго место, повторно е се преголем притисок, но има една друга работа, а тоа се 30 милиони мигранти кои сега се тргнати на пат и со отворањето на границите и тука Македонија е повторно клучна и само со стабилна Влада тоа ќе може да се додржи. Ние имавме милион ипол и успеавме некако да додржиме мигранти и бегалци, сега со 30 милиони за тоа треба не само стабилна Влада туку и стабилни институции и органи кои нема да бидат развлекувани за да го штитат Прометеј да не му ги слекуваат гаѓите, туку ќе бидат концентрирани таму и затоа сега повторно имаме иницијатива и сега ЕУ и нејзините претставници постојано бараат што побрзо да имаме избори за да може ова конечно да се реши, се разбира не им е сеедно бидејќи вложија многу пари и енергија за да го рушат Груевски, видоа дека не можат затоа што рушејќи го него го рушат македонскиот народ, а македонскиот народ не го дава лидерот, додава Нонковиќ.