Нормализиран сообраќајот на неколку патни правци

АМСМ информира дека попладнево е нормализиран сообраќајот на неколку патни правци, кои беа затворени поради протест и блокада.

Во 13:40 часот е нормализиран сообраќајот кај новата патарина „Кадрифаково“ на патот Штип – Скопје.

Во 14:00 часот собирот кај Плетвар завршил и сообраќајот е нормализиран.

Во 14:00 часот на патот Струмица – Радовиш кај село Василево, собирот завршил без проблеми и сообраќајот е нормализиран.

Во 14:00 часот на шатот  Штип – Велес кај село Сарамзалино, собирот завршил без проблеми и сообраќајот е нормализиран.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.