Нормализиран сообраќајот на патот Кочани – Македонска Каменица

Патниот правец А3 Кочани – Македонска Каменица на делницата од Истибања до браната Калиманци, што од вчера беше во целосен прекин поради одрон, денеска е нормализиран од 13:00 часот, информира АМСМ.

Од таму посочуваат дека на овој патен правец е изградена трета лента во должина од 100 метри.