Сообраќајот на патот Росоман – Кавадарци од 17:35 часот е нормализиран, соопшти Авто мото сојузот на Македонија.
Патниот правец беше во прекин во двата правца поради сообраќајна несреќа кај местото Северова Падина.
На останатите патишта сообраќајот се одвива без забрани, по суви коловози, освен на регионалениот пат Р-2137 пред населеното место Војшанци, каде поради деформации на мостот, сообраќајот се пренасочува преку мост на реката Вардар.