Нормализиран за сообраќај патот преку Галичица, утре во прекин ќе биде патот Кичево- Охрид

АМСМ информира дека регионалниот патен правец кој води преку Националниот парк Галичица е нормализиран за секаков вид на сообраќај. Тој беше во прекин поради изведување градежни активности.

Утре во прекин ќе биде патниот правец Кичево – Охрид, на делницата Пресека – с. Врбјани, поради изведување градежни работи на пат (минирање). Сообраќајот ќе биде во прекин помеѓу 11:30 ч. – 14:30 ч. во времетраење од 15 – 20 минути.