Норвешка го проверува својот подводен гасовод по експлозиите на Северен тек

Норвешка испрати специјален брод за инспектирање на ситуацијата со подморскиот гасовод до Германија поради загриженоста за неговата безбедност по саботажите на крајот од септември врз руските гасоводи Северен тек 1 и Северен тек 2 со што можеби и трајно се прекинуваат испораките на енергенсот од Русија во Германија односно Европа.

Норвешка, која во моментов е најголемиот добавувач на гасот во Европа, минатата седмица го стави својот енергетски сектор во состојба на висока приправност, распоредувајќи ја воената морнарица и воздухопловните сили да патролираат на објектите на море и распоредувајќи војници во копнените погони за преработка на гасот по, како што покажуваат сознанијата на истрагите на Шведска и Данска, експлозиите на гасоводите Северен тек во Балтичкото Море на 26-ти септември.

Бродот „Havila Subsea“ за снабдување со нафта кој е опремен и со подводни возила на далечинско управување, распореден е на 5-ти октомври за да го проверува гасоводот Europipe II, кој води од гасната постројка Каастое во Норвешка до Дорнум во Германија, покажуваат податоците за следење на пловидбите Refinitiv.

Џостејн Алендал, извршниот директор на компанијата „Reach Subsea“, во чијашто сопственост е бродот „Havila Subsea“, изјавил за Reuters дека инспекцијата ја нарачал „Equinor“, кој изведува инспекции на гасоводите во името на операторот офшор гасниот систем „Gassco“.

Од „Equinor“ во изјава пратена по електронска пошта за Reuters велат дека „зголеменото ниво на безбедноста за инсталациите и на инфраструктурата на Норвешкиот континентален појас (NCS)“, како и дека се преземени мерки во врска со мрежата на гасоводите.

Според Тор Ивар Строемен, виш предавач на Кралската норвешка поморска академија, Europipe II веројатно е најважниот норвешки гасовод.

„Голем прекин на дотокот на гасот во Германија би можел да предизвика политички притисоци коишто би ја промениле динамиката на застојот со Русија“, коментира Строемен.

Неименуван извор од енергетската индустрија рекол за Reuters дека Норвешка ја прегледува клучната нафтена и гасна инфраструктура, вклучително и гасоводите, поради можни експлозии или обиди за саботажа.

Шведската безбедносна агенција во четвртокот соопшти дека истрагата за инцидентите со двата руски гасоводи на местото ги зголемила „сомнежите во тешка саботажа којашто вклучува детонации“.

Германија, најголемата европска економија, во огромен дел се потпираше на испораките на гас од Русија сѐ додека не попушти под притисоците главно од САД кои ги прекина поради војната во Украина.

Гасоводот Europipe II е долг 658 километри и има капацитет од 71 милиони кубни метри гас дневно, околу петтина во вкупниот извоз на гас од Норвешка.