Норвешка нема да се вклучи во „ракетниот штит“ на НАТО

Норвешките власти се откажале од набавката на опремата неопходна за приклучување на системот за противракетна одбрана на НАТО, пишува весникот Klassekampen повикувајќи се на информации од властите.

„Како резултат на темелна анализиа на факторите во безбедносната политика, владата одлучи дека Норвешка нема да ја разгледува можноста за набавка на сензори на највисоко ниво или ракети-пресретнувачи кои можат да бидат интегрирани во системот на противракетна одбрана на НАТО“, пишува весникот.

Како што рекла за Klassekampen експертот за Русија, Џулија Вилхелмсен, ваквата улога моќе да ја намали „растечката напнатост“ во односите со Москва.

Норвешките медиуми пишуваат дека Норвешка долги години ги поддржува создавањето колективен одбранбен систем на НАТО. Истовремено, Осло се спротиставува на можноста Алијансата да стане дел од американските планови за противракетната одбрана. Позицијата се смени во 2010 година, поради објаснувањата дека наводно системот не е насочен против соседната Русија.

Во февруари 2018 година норвешкиот министер за одбрана Тоне Скоген изјави пред членовите на поткомисијата на Европската унија за безбедност и одбрана,м дека Осло не гледа закана за националната безбедност од Русија и неверува дека „во билска иднина таа може да претставува таква закана“.

Клучните компоненти на ракетната одбрана на НАТО вклучуваат разурнувачи на американските поморски сили чија база е во Шпанија, опремени со ракетниот одбранбен систем „Иџис“, копнениот систем „Иџис“ во Романија кој го управуваат САД, како и радарот за рано предупредување во Турција.

Москва го обвинува Вашингтон дека лансирните рампи распоредени ви Романија и планирани за поставување во Полска се универзали, односно имаат и одбранбена и офанзивна намена. Имено, постои технолошка можност бро и тајно противракетните проектили да се заменат со крстосувачки ракети, и оти во тој случај целиот европски дела на Русија ќе биде во нивниот дострел.

Кремљ повеќепати предупреди дека чекорите на САД и НАТО за распоредување на „ракетниот штит“ во Европа претставуваат закана за националната безбеднсот на Русија, како и дека ја поткопува стратешката стабилност во регионот. Претседелот Владимир Путин предупреди дека европските земји во кои се распоредуваат елементите на „ракетниот штит“ стануваат легитимни мети, како и дека „системот за противракетна одбрана во Источна Европа, е дел од нуклеарноиот стратешки потенцијал на САД кој е пренесен на периферијата“.