Норвешка во сабота ги укинува сите рестриктивни мерки

Норвешките власти најавија во петокот дека од сабота ќе бидат укинати сите рестрективни мерки воведени поради пандемијата на коронавирусот.

„Измина 561 ден откако ги воведовме најстрогите мерки во Норвешка во мирновременски период. Сега е времето да му се вратиме на нормалниот живот“, изјави премиерката Ерна Солберг и додаде дека ќе бидат укинати во 16 часот попладнето во сабота.

Напуштањето на мерките на физичка дистанца ќе им овозможат на спортските и културни институции да се вратат на работа со полни капацетите, а како и претходно ќе работат и рестораните и ноќните клубови.

„Накусо, ќе можеме да живееме како претходно. Сакам и да кажам: ви благодарам многу Норвешка“, порача премиерката Солберг.

Најмалку една доза од вакцината против Covid-19 промиле 76 отсто од сите Норвежани, а 67 отсто се целосно вакцинирани, покажуваат податоците од норвешкиот Институт за јавно здравје.

Блиската Данска сите рестриктивни мерки ги укина на 10-ти септември, а од тогаш бројот на заразените во земјата е во константен пад. На денот на укинувањето на мерките пред две седмици имаше 557, а во четвртокот 341 случај на нова коронаинфекција.

И Данска има високо ниво на вакцинирани жители, вакцинирани се 86 отсто од повозрасните од 12 години, а дури 95 отсто од постарите од 50 години.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.