Норвешката централна банка ја удвои клучната стапка првпат во услови на рекордна инфлација

Централната банка на Норвешка (Norges Bank) првпат во историјата ја удвои клучната каматна стапка до 1,25 отсто и предвиде нејзин натамошен раст во заднината на рекордно високата инфлација, изјави во четвртокот нејзината челничка Ида Волден Бахе.

Централната банка објасни дека стапката е зголемена поради ниската невработеност и високата инфлација, којашто треба да биде стабилизирана.

„Во согласност со нашата процена за изгледите и ризиците, во иднина клучната стапка треба да биде зголемена на 1,5 отсто во август годинава и до 3 отсто до летото следната година“, вели Бахе во писмената изјава на интернет-страницата на банката.

Претходно норвешкото Централно биро за статистика (SSB) го забележа најбрзиот раст на цените од 1988 година за 5,7 отсто, доделка Централната банка прогнозираше инфлација од повеќе од 2 отсто. Цената на бензинот од типот А-95 во Норвешка во јуни првпат во историјата достигна 27 круни, односно околу 2,97 долари за литар.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.