Норвешката премиерка под истрага за можно кршење на прописите во пандемијата

Норвешката премиерки Ерна Солберге е под истрага поради можното кршење на мерките за справување со епидемијата на коронавирусот, објави тамошната полиција во петокот.

Премиерката во февраури го славела 60-от роденден во скијачкиот центар Геило со членови на поширокото семејство. На два настана, се собрале повеќе од десет лица, кршејќи ги одредбите за јавни собирања.

Конзеративната премиерка Солберг изјави за норвешката јавна информациска мрежа NRK во четвртокот дека „требала да биде свесна за прописите“.

Оваа изјава по медиумските извештаи биле основа полицијата да отвори истрагата, наведува управата на норвешката полиција во писмената изјава испратена по мејл за германската новинска агенција DPA.

Истрагата треба да покаже дали се прекршени локалните или ограничувањата на национално ниво, а резулатите од истрагата на крајот ќе ги проценува обвинител.

Според NRK, повеќе од десет членови на семејството на премиерката во два наврата вечерале заедно. Еднаш во локален ресторан, кога Солберг не присуствувала. Таа, меѓутоа, била присутна на вториот собир во изнајмен стан во кој 14 лица јаделе суши, се наведува во извештајот.

По прашањата од NRK, Соберг изјави дека сфатила дека за настаните на кои се собираат луѓе важат ограничувања. Прописите на национално ниво во февраури ги ограничија приватните собири на ресторан на најмногу десет лица.

Норвешка, која има 5,3 милиони граѓани, регистрираше досега околу 83.000 случаи од коронавирусот и 643 смртни случаи поврзани со Covid-19, од почетокот на пандемијата.