Норвешкиот државен секретар се сретна со талибанската делегација во Осло

Норвешкиот државен секретар Хенрик Туне од норвешкото министерство за надворешни работи се сретна во вторникот вечерта во Осло со делегацијата на авганистанското талибанско движење Талибан.

Неговата средба со талибаните не значи дека Норвешка оваа група ја признава како авганистанска влада, истакна Туне. Токму поради тоа со талибанската делегација не се сретнала министерката за надворешни работи Аникен Хуитфелд, изјави Тјуне за Норвшката новинска агенција (NTB). Но засега нема поединости од состанокот.

Норвешкиот премиер Јонас Гар Сторе го бранепше одржувањето на состанокот со талибаните. Голем дел од авганистанското население зависи од хуманитарната помош за да преживее, изјави премиерот за јавната телевизија NTB.

Според него, светската заедница не може само едноставно да седи и да гледа, туку мора да остане во активен дијалог. То не значи признавање на талибаните како авганистанска влада, рече Сторе. Досега, инаку, ниедна земја во светот не ги призна талибаните.

Ситуацијата со правата на жените во Авганистан по враќањето на талибаните на власт ланскиот август беше една од главните реми на разговорите во Осло. Во разговорите учествуваше и претставник на германската влада за Авганистан, Јаспер Виек и претставници на други земји од Европската унија.

Судбината на две исчезнати активистки за женските права, коишто наводно се однесени од нивните домови во Кабул минатата седмица, исто така, била во фокусот на разговорите. Челникот на талибанската делегација, привремениот министер за надворешни работи Амир Чан Мутаки, изјавил дека неговата влада се обидува да утврди повеќе за инцидентот. Додал дека главно нема ништо невообичаено во врска со луѓето кои во земјата се притворани или ослободувани.

Разговорите во Осло беа правата можност талибаните да отпатуваат во една западна земја откако ја преземаа власта во Кабул. Тие оваа посета ја оценуваат како успешна. Мутаки за новинарите уште во понеделникот изјави дека имале многу добри средби и дека се надеваат дека ќе добијат помош за здравствениот сектор и образование.

Талибанската посета на Норвешка беше критикувана на меѓународно ниво, а Авганистанци протестираа против нега и во Осло и пред норвешките амбасади во странство за да ја изразат својата осуда на средбата.

Норвешка, инаку, во минатото често дејствуваше како посредник меѓу страни во конфликти, главно во израелско-палестинскиот судир, а последно во Венецуела. Оваа земја не е членка на ЕУ и во дијалог со талибаните е веќе со години. Норвешката делегација неодамна патуваше во Кабул на разговорите за авганистанските хуманитарни потреби.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.