Норвешка домаќин на преговорите меѓу власта и опозицијата на Венецуела

Таканаречените „мировни преговори“ на претставниците на венецуелските власти и на опозицијата се одржуваат оваа седмица во норвешката престолнина Осло, објави во четвртокот норвешката јавна телевизија NRK, повикувајќи се на неименувани извори.

Станува збор за втори вакви преговори во норвешкиот главен град, наведува NRK потсетувајќи дека и Куба претходно беше домаќин на преговорите во коишто учествуваа претставници на владата на Николас Мадуро и на опозицискиот челник Хуан Гуаидо.

Норвешкото министерство за надворешни работи не било достапно за коментар.

Телевизијата додава дека преговорите, кои се одржуваат на непозната локација, траат „повеќе денови“ и би требало да завршат подоцна во четвртокот. На нив како претставник на власта учествуваат министерот за комуникации Хорхе Родригез и гувернерот на покраината на Миранда, Хектор Родригез. Опозицијата ја претставуваат поранешниот Герардо Блиде, поранешниот министер Фернандо Мартинез Мотола и потпретседателот на парламентот Сталин Гонзалес.

Иако многу европски земји го признаа Хуан Гуаидо кој се самопрогласи за привремен претседател, Норвешка само повика на нови слободни избори, што тогаш беше сфатено како желба за посредување мешу двете страни. Норвешката министерка надворешни работи Ине Ерикгсен Сореиде кон крајот на јануари изјави дека нејзината земја „има волја да помогне, доколку и кога страните тоа ќе го посакаат