Норвешка забранува носење бурки во училиштата и градинките

Норвешката конзервативна Влада предложи забрана за носење на бурки во сите државни и приватни училишта и градинки.

Облеката која подразбира покривање на главата ја спречува „добрата комуникација“ која е „клучна за учење во училиштата и универзитетите, изјави министерот за образование, Торбјорн Рое Исаксен во соопштението.

Предложената забрана ќе се однесува и на студентите и професорите.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.