Норвежанец собори рекорд изведувајќи 51 час песни на Елвис Присли

Oslo 2020.07.23. Kjell Elvis (Kjell Henning Bjørnestad) Fredrik Hagen / NTB scanpix

Имитатор на легендарниот американски пејач Евлис Присли, Норежанецот Кјел Хенинг Бјорнестад во саботата утрото го соборил светскиот рекорд изведувајќи песни на „Кралот“ без престан 50 часа, 50 минути и 50 секунди во текот на музички маратон кој беше пренесуван во живо на интернет.

Педесет и двегодишниот Бјорнестад со тоа за повеќе од седум часа го надмина претходниот Гинисов рекорд кој 16 години му припаѓаше на Германецот Томас „Куртис“ Гетје, кој во 2004 година песните на Присли ги изведуваше во континуитет 43 часа, 11 минути и 11 секунди.

„Никогаш повеќе тоа нема да го изведам“, изјави Бјорнестад за норвешкиот јавен сервис NRK по настапот.

Со изведбата од репертоарот на Елвис, кој во живо го пренесуваше телевизијата VG од Осло, започна во четвртокот утротот во 8 часот по локално време облечен во карактеристичкион костим на славниот пејач.

Во текот на изведбата одеше по сцената и повремено седнуваше, а откако заврши со предводениот репертоар нумери, започна да ги изведува одново.

Неговата менаџерка Хелге Јохансен го предупредила да не пие премногу кафе пред настапот, а лекарот и нутриционистот, кои за време на маратонот биле постојано присутни, се погрижиле со смути, овошје, млака вода со мед и лимон и со енергетски пијалаци, да му ги одржат силата и гласот.

На секој час имаше право на петминутна пауза, но можеше и да ја прескокне и да си дозволи подоцна подолг одмор.

Бјорнестад од порано го привлече меѓународното внимание двапати соборувајќи го рекордот во изведување на песните на Елвис Присли. Последен пат тоа се случи во 2003 година, кога изведе 26-часовен музички маратон.

Медиумското внимание го искористи за на својата интернет страница да ги повика луѓето со добра волја на финансиски донации, коишто има намера да ги искористи за финансирање градење болница за бегалците во Мјанмар.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.