Носел бадникови гранки па пукал во нив

Незапаметен настан се случи вчера во Србија кога маж и жена биле ранети на Бадник.

32-годишниот маж и 60-годишната жена чиј идентитет не се открива, како што пишува српскиот Курир, биле ранети во влез од зграда каде 55-годишниот М.И. внесувал бадникови гранки и од својот пиштол испукал куршуми.

М.И. имал дозвола за пиштолот, но е веднаш приведен, а мажот и жената се хоспитализирани.