Носела хероин во затвор во кутија цигари

Скопјанка носела хероин на затвореник во Штип, информираше МВР.

Според полицијата, командирот на смена во штипскиот затвор пријавил дека во саботата при претрес на 39-годишно женско лице од Скопје, кое дошло на посета кај осуденик била пронајдена дрога.

Таа две најлонски пакувања со хероин ставила во кутија од цигари.

Скопјанката била приведена во полициска станица, а пронајдените предмети биле одземени и дадени на вештачење. По целосно документирање на случајот, против неа ќе биде поднесена соодветна пријава.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.