Нотингем и Хадерсфилд во борба за Премиершип

Фудбалерите на Нотингем Форест и Гадерсфил Таун ќе играат на 29-ти мај на лондонскиот стадион „Вембли“ за последното кесто коешто води во елитната класа на англискиот фудбал.

Филам и Борнмут изборија директен пласман во Премиерлигата, а уште една место ќе биде изборено во дополнителните квалификации во чиешто финале ќе играат Хадерсфилд Таун и Нотингем Форест.

Нотингем Форест финалето го избори со подоброто изведување на ударите од белата точка во кој со 3:2 го победи Шефилд Јунајтед. Нотингем во првиот натпревар на гости победи со 2:1, но Шефилд во вторникот вечерта возврати со идентична гостинска победа. Домашните поведоа во 19 минута преку Бренан Џонсон, израмни Морган Гибс-Вајт во 47 минута, а победата на Шефилд ја донесе Џон Флек во 75 минута.

Откако во продолженијата немаше погодоци, прашањети на победникот беше решено со пенал-рулетот, а херој стана голманот на Нотингем, Брис Самба кој одбрани три пенала, и тоа на Оливер Норвуд, Конор Хоурихејн и на Морган Гинс-Вајт. Кај домашните единствено Џо Лолиј беше бепрецизен.

Хадерсфилд Таун, пак, во двете полуфинални соочувања беше подобар до Лутон Таун. Откако првиот меч заврши без победник 1:1, Хадерсфилд во понеделникот во реваншот на својот терен слаеше со 1:0, а решавачкиот погодок го постигна Џордан Родес во 82 минута.