Нотингем ремизираше дома со Астон Вила

Во последниот дуел од деветтото коло на англиската Премиер лига во понеделникот вечерта, фудбалерите на Нотингем Форест и гостинската Астон Вила одиграа без победник 1:1.

Домашните поведоа со погодокот на Нигериецот Емануеле Денис во 15 минута, а за Вила израмни Ешли Јанг во 22 минута.

Со победата Нотингем Форест побегна од последното 20-то место на табелата, сега има пет бодови, бод повеќе од Лестер Сити, и два помалку од првото место кое е над зоната на испаѓање а го држи Саутемптон. Астон Вила е 16-та со девет бодови.

На врвот на Премиер лига е Арсенал со 24 бодови, а бод помалку има Манчестер Сити кој е засега единствениот тим во лигата без пораз но има победа помалку од „Топчиите“ а две ремија. Третопласиран е Тотенхем со 20 бодови.