Во изминативе 24 часа е регистриран 41 нов случај на ковид-19 од направени 1.024 тестови. Новите случаи се во: Скопје – 31, Кавадарци – 4, Неготино – 2, Куманово, Прилеп, Тетово и Штип – по 1. Од вкупниот број на позитивни 41, регистрирани се 10 реинфекции.
Регистрирано едно починато лице од Кичево (89г), во болнички услови. Според Регистарот на умрени лица од Мој термин, дополнително се пријавени 2 починати лица од: Скопје (66г) и Кавадарци (55г). Од нив, едно лице починало во домашни услови, едно во болнички. Пријавените лица се починати на 15.03.2022.
Од вкупниот број на починати лица (3), кај две лица се регистрирани коморбидитети.
Регистрирани сe 457 оздравени пациенти од: Скопје – 250, Битола – 33, Прилеп – 29, Охрид – 28, Тетово – 19, Кичево – 16, Велес – 10, Делчево – 9, Куманово и Гостивар – по 6, Кавадарци и Струмица – по 5, Кочани, Радовиш, Виница и Крушево – по 4, Штип, Гевгелија, Ресен , Дебар и Пробиштип – по 3, Струга и Богданци – по 2, Неготино, Крива Паланка, Валандово, Демир Капија, Македонска Каменица и Дојран – по 1.
Досега во земјата се направени 1.970.059 тестирања на ковид-19. Вкупната бројка на дијагностицирани од почетокот на епидемијата изнесува 306.711, на оздравени пациенти е 295.914, на починати е 9.231, а бројот на активни случаи изнесува 1.566.