Нов бомбашки напад во Авганистан, најмалку 22 мртви

17

Најмалку 22 луѓе загинале а уште 38 се ранети во експлозија предизвикана од бомбаш-самоубиец во вторникот во авганистанската престолнина Кабул, пренесува телевизијата 1TV повикувајќи се на податоци од министерството за внатрешни работи.

Малку подоцна одекнала уште една експлозија речиси во самиот центар на Кабул, при што загинале три лица, а уште неколкумина биле повредени.

Големата екслозија на плоштадот Масуд е втора со бројни жртви во Авганистан каде што се води кампањата за претседателските избори, кои сака да ги попречи радикалното исламистичко движење Талибан. Во меѓувреме сателитската телевизија Al Jazeera објави дека талибаните ја преземела одговорноста и за двете експлозии.

Претседателските избори во Авганистан треба да се одржат на 28-ми септември, откако беа неколкупати одложувани по првичниот датум на 20-ти јули. Гани беше избран за претседател во 2014 година, и годинава му истекува петгодишниот мандат, со можност за избор за втор мандат.

Талибанските водачи ветија дека ќе ги засилат нападит врз авганистанските и меѓународниоте сили за да ги обесхрабрат Авганистанците да гласаат на изборите. Поради тоа, предизборните собири ширум земјата се одвиваат со големи мерки на безбедност.

Претходно во вторникот претпладнето во голема експлозија од подметнат експлозив во градот Чирикара, административен центар на покраината Парван, недалеку од местото на кое се одржувал предизборен митинг на претседателот Ашраф Гани. Според телевизијата Tolo News, во оваа експлозија загинале 26 луѓе а уште 41 лице е повредено.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.