Повеќе од 100 училишта, градинки и 20 трговски центри во Москва се проверуваат за експлозивни направи откако добиле анонимни закани за поставени бомби, изјави портпаролот на московските специјални служби.
– Имаше повици за закани со бомби во 85 училишта, 16 градинки и 20 трговски центри, рече портпаролот.
За слични закани се проверуваат и сите московски метро станици, но засега не е наредена евакуација.
Од 28 ноември е регистриран „бум“ во телефонските повици со анонимни дојави за поставени бомби на разни институции во Москва и Санкт Петербург. Според проценките на руските медиуми, речиси 1,2 милиони луѓе се евакуирани од крајот на ноември, како резултат на лажни дојави за закани со бомби.