Нов бран штрајкови на вработените во јавните служби во Германија

Новиот бран штрајкови на вработените во јавните служби во петокот го блокираше јавниот превоз во многу германски градови, а за следната седмица се најавени нови штрајкови.

Во градовите на сојузните покраини Баден-Виртемберг, Северна Рајна-Вестфалија, Саксонија и Хесен целосно е суспендиран јавниот превоз. Престанокот на работата беше координиран меѓу синдикатот на јавниот сектор Verdi и еколошкото движење „Петок за иднината“ (Freitag für die Zukunft), кое најави протести низ Германија секој петок.

Активистите од „Петок за иднината“, со заедничката акција со синдикатите сакаат да укажат на важноста на урбаниот транспорт во процесот на промена на пристапот до транспортот преку протести во околу 200 градови.

„Сакаме да укажеме на важноста на јавниот транспорт во борбата против климатските промени“, велат во заедничкото соопштение синдикатот и активистите.

Активистите за заштита на животната средина бараат поголеми инвестиции во јавниот транспорт и намалување на финансирањето на патиштата и автомобилската индустрија.

Во Берлин, синдикатот Verdi најави штрајкови на вработените во јавните служби за понеделник и вторник. Во штрајкот треба да учествуваат и вработените во болниците, базените и службите на градската администрација. Берлинското здружение на работодавачи KAV ги критикуваше овие штрајкови како несоодветни, укажувајќи на тековните преговори.

Преговорите меѓу Verdi и работодавците започнаа во јануари. Верди бара зголемување на платите за 10,5 отсто за околу 2,5 милиони вработени во јавните служби, односно зголемување од најмалку 500 евра бруто месечно.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.