10.8 C
Skopje
четврток, април 18, 2024

Нов црн рекорд во Италија: 743 починати во последното деноноќие

Во последните 24 часа во Италија од Ковид-19 починале 743 луѓе.

Денес починале 142 лица повеќе од вчера. Во таа земја има вкупно 6820 жртви на коронавирусот.

Инфицирани се вкупно 69.176 лица, од кои 5249 се заразени во последните 24 часа, што е за 142 помалку од вчера. Ова е втор најлош ден во Италија.

Вчера 602 лица починаа од коронавирус во Италија, 651 лица во неделата, 793 во сабота и 627 во петокот.