Нов дневен рекорд во Русија на новозаразени

Бројот на инфекции регистрирани со Ковид-19 на дневно ниво достигна нов рекорд во Русија во средата, со пријавени 14.231 нови случаи. Вкупниот број на заразени со вирусот во земјата сега изнесува 1.340.409 лица.

Бројот на смртни случаи од оваа болест се зголеми за 239 лица во изминатите 24 часа и достигна вкупно 23.205 смртни случаи поврзани со коронавирус. Официјалните податоци, исто така, покажуваат дека 1.039.705 пациенти оздравеле од вирусот во Русија.

Во меѓувреме, градоначалникот на Москва Сергеј Собјанин предупреди дека состојбата во главниот град е алармантна.

Рускиот министер за здравство Михаил Мурашко откри дека четири фармацевтски компании во земјата работат на развој на вакцини против Ковид-19.