Нов хуман гест од страна на Мбапе

Ѕвездата на Пари Сен Жермен, Килијан Мбапе донираше 27 илјади фунти како помош во потрагата по пилотот Дејвид Иботсон кој исчезна по падот на неговиот авион во Ламанш во несреќата во кога загина и фудбалерот Емилијано Сала.

Иботсон и Сала патуваа од Нант кон Кардиф кога авионот исчезна од радарските екрани. По завршување на неуспешната акцијата за пребарување од страна на надлежните служби, семејството на Сала побара приватна истрага за која беа собрани пари од роднини и пријатели, а остатоци од авионот заедно со телото на аргентинскиот фудбалер беа пронајдени на дното на Ламанш.

Исчезнатиот пилот не е пронајден, па неговото семејство, слично како на Сала, почна хуманитарна акција за собирање средства за приватна потрага.