Фудбалската репрезентација на Македонија до 21 година се подготвува за првите квалификациски натпревари од Европското првенство (ЕП) кое ќе се игра во 2023 година, а новиот селектор Драган Канатларовски се соочи со првите проблеми.
Пред стартниот натпревар против фаворитот во групата, младинската селекција на Франција, новиот предводник на У21-тимот нема да може да смета на тројца фубалери кои се најдоа на списокот поради ковид-19 и на уште еден поради повреда.
Поради позитивни ковид-тестови на воведните два меча нема да настапат Марио Младеновски, Адриан Хајдари и Димитар Тодоровски, а повреда ќе го спречи Амел Рустемоски да се стави на располагање на националниот тим на дуелот со Франција.
Натпреварот меѓу Франција У21 и нашата селекција ќе се игра на 2 септември во Ле Ман.