Нов историски рекорд на Меси

19

Капитенот на Барселона, Лионел Меси постигна два гола во успехот од 5:0 во осминафиналето на Кралскиот Куп против Леганес, а по тој натпревар Аргентинецот повторно се запиша во историјата.

Благодарение на оваа победа, Меси стана првиот играч што стигнал до победата број 500 на сите турнири во Шпанија на клупско ниво.

За ова достигнување, на Меси му беа потребни 709 натпревари. Покрај тоа, Барселона со Меси има 79 порази и 131 реми.

За сето ова време, Меси има 622 голови и 241 асистенции.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.