Нов израелски напад во Сирија

Израелските сили гаѓале во четвртокот позиции на шиитски милиции поврзани со Иран во околината на Хама, на западот од Сирија, каде што се слушнале силни експлозии пренесуваат западните агенции повикувајќи се на опозициската Сириска опсерваторија за човекови права (SOHR), водена од сопственик на сириски ресторан во Лондон.

„Израелски воздушни удари целеа позиции и складишта со оружје и муниција на милициите лојални на Иран во неколку напади“, објави SOHR формирана во Лондон пред почетокот на граѓанската војна во Сирија во март 2011 година поддржана на Западот и соседните сунитски монархии за соборување на владата на алавитски (шиитски) претседател Башар ал-Асад.

Организацијата која се повикува на наводно „широка мрежа извори на теренот“ наведува и дека израелските напади предизвикале пожари, „повеќе жртви“ и оти е исчезнат офицер на сириските воздухоплвонми сили.

Сириската службена новинска агенција SANA, пак, објави дека „сириските противвоздушни сили гаѓаат непријателски цели на небото над Масиаф“, но не се споменуваат материјални штети и жртви.

Израел изминатите години изведе стотици воздушни удари во Сирија гаѓајќи позиции на владините сили и на сојузничките шиитски милиции од Либан, Ирак и Иран, во прв ред на либански Хезболах. Меѓутоа, израелската војска никогаш, или многу ретко, ги потврдува таквите напади.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.