Нов израелски воздушен напад врз цели во Сирија

Сириската армија соопшти дека рано утрово Израел извршил воздушен напад врз воена позиција на периферијата на главниот град Дамаск, во кој е причинета само материјална штета. Тоа беше втор израелски напад врз цели во близина на главниот град во последните четири дена. Нападот извршен во саботата ја активираше сириската одбрана, која во текот на денот испука ракети кон предградијата на Дамаск, а двајца војници беа ранети.

Во кусото соопштение на сириската армија, кое го пренесоа државните медиуми, се наведува дека утринава воздушниот напад бил извршен од северен Израел и дека целта била воена позиција во Закиа, предградие на Дамаск.