Нов извештај за перење пари во Deutsche Bank

Германската банка Deutsche Bank се бранеше во четвртокот од новите обвинувања за перење пари, откако влијателниот финасиски весник Financial Times објави дека банката извршила трансакции во вредност од 31 милијарда евра повеќе отколку што претходно се мислеше во врска со нејзините спорни фондови.

Портпаролот на Deutsche Bank одбил за агенцијата Reuters да го коментира написот објавен во Financial Times. Меѓутоа, рекол дека не е одговорност на банката да ги проверува корисниците, како и дека деловните врски со извесната банката Danske Bank се прекинати во 2015 година.

Станува збор за сума којашто се придодава на сумата од 150 милијарди американски долари коишто наводно Deutsche bank ги испрала за естонската филијала на Danske Bank во периодот од 2007 до 2015 година, што би требало да претставува четири петтини од продокот на пари на клиентите на Danske Bank во Русија и во земјите од поранешниот Советски сојуз, објави Finacial Times цирирајќи неименувани личности наводно запознаени со случајот.

„Изминатите години постојано ги јакневме напорите против перењето пари и затајувањето на даноците“, изјавил генералниот финансиски директор на Deutsche Bank, Јамес фон Молтке.

Банката, исто така, е под истрага во одвоен германски случај поврзан до ткн Панамски документи. Германските иследници изминатата седмица два дена вршеа претреси на франкфуртската централа на Deutsche Bank во рамки на истрагата за тоа дали нејзините службеници на одредени клиенти им помагале при отворањето банкарски сметки во ткн „даночни оази“.

Дошепнувач кој го открил наводното перење пари во кое е вклучена и Deutsche Bank, во ноември изјавил дека една голема европска банка помогнала да се обработи сомнителна трансакција до 150 милијарди долари. Изворот наводно директно запонаен со проблематиката, тврдел дека тоа се однесува на Deutsche Bank, наведува Reuters.

Од Deutsche Bank изјавиле дека само обработиле уплати за Danske Bank, но дека ја прекинале врската со оваа банка откако идентификувале сомнителни трансакции. Во меѓувреме, акциите на германската банка паднаа за 4 отсто во четвртокот, што претставува најнов удар врз обидите на нејзиниот извршен директор Кристија Севинг, да ја стабилизира банката по трите години загуби под претходната управа.