Нов кикс на Реал, Барса се оддалечува

Во претпоследниот натпревар од 18-то коло на шпанското фудбалско првенство, Реал Мадрид во неделата на гости кај Селта одигра 2:2, а Барселона којашто дома го совлада Леванте со 3:0 ја зголеми бодовната разлика пред актуелниот шампион и најголем спортски ривал.

Фудбалерите на Реал Мадрид кои загубија во „Ел Класико“ со 0:3 од Барселона пред своите навивачи, натпреварот во Виго требаше да им ја врати самодовербата, но повторно киксираа. Селта поведе во 33 минута од контранапад кој со убав лоб од 18 метри го заврши Даниел Вас. Водството на домашните траеше кусо, бидејќи веќе во 36 минута Герет Бејл успеа да изедначи по длабинското проигрување од Тони Крос. Веќе по две минути Бејл прави целосен пресврт, кога поентираше по додавањето од Иско.

Селта можеше да изедначи во 72 минута, кога Јаго Аспас избори пенал и се репи самиот да го изведе, но реаловиот голман Кејлор Навата успеа да го одбрани неговиот удар. Се среќа на домашните, тоа не им се одмазди, бидејќи Макси Гомез во 82 минута изедначи за конечните 2:2.

Барселона на својот „Камп Ноу“ против Леванте очекувано лесно славеше со 3:0. Стрелци беа Лионел Меси во 12, Луис Суарез во 38 и Паулињо во третата минута од судиското продолжение.

Во неделата играа уште и Леганес кој со голот на Габриел во 75 минута го совлада Реал Сосеидад, а Виљареал и Депортиво Ла Коруња со головите на Енес Унал во 30 и Флорин Андоне во 84 минута ги поделија бодовите. Атлетик Билбао го совлада Алавес со 2:0, а стрелци беа Чабиер Ечеита во 8 и Ариц Адуриз во 54 минута од пенал.

Ден претходно Атлетико Мадрид на домашен терен со 2:0 го совлада Хетафе.

Барселона е во водство на првенствената табела со 48 бодови, пред Атлетико Мадрид кој заостанува со 39 бодови, Валенсија е трета со 37 а Реал Мадрид е четврти со 32 бодови и натпревар помалку.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.