Нов мултуфункционален парк од 2.000м2 во Маџари, наскоро уште 7 нови игралишта низ целата општина, вели Стефковски

Денес официјално го пуштаме во употреба мултифункционалниот парк кој што се наоѓа во населеното место Маџари, Триангла. Мултифункционалниот парк се простира на површина над 2.000 метри квадратни и се состои од повеќе содржини. Затворен дел, тоа е парк за миленици, фитнес зона опремена со справи за вежбање, и детско катче во кое што се поставени реквизити за игри и забава на нашите најмили, изјави градоначалникот на општината Боба Стефковски.

Паркот е соодветно осветлен, уреден е со патеки од пара елементи, поставен е летниковец, фонтана, клупи и друга урбана опрема.

Посочи дека паркот е комплетно хортикултурно уреден и збогатен со голем број на дрва, а и поставен е систем за автоматско наводнување.

-Со овој мултифункционален парк правиме уште едно поубаво место на кое што граѓаните на општина Гази Баба ќе можат да се дружат, да спортуваат и да рекреираат. Во оваа насока сакам да се заблагодарам на „Макстил“ компанија која што беше партнер во реализација на овој проект. Паркот е изграден со средства од Општина Гази Баба и со средства од компанијата „Макстил“. И уште еднаш благодарност до „Макстил“ која што уште еднашка го покажа својот општествено одговорен карактер. Во оваа прилика сакам да најавам уште еден голем проект кој што го организира Општина Гази Баба, а тоа е седум спортски игралишта на територијата на нашата општина. Игралишта кои што ќе добијат модерен лик и кои што ќе бидат опремени со соодветна подлога од тартан и подлога од вештачка трева, нагласи Стефковски.