Нов напад над медицинско лице, овојпат лекарка од Итна помош

Додека вршела службена задача, лекарка од Итната медицинска помош, била физички нападната. Настанот се случил во скопско Волково, а сторител е 24-годишник.

„На 16.12.2018 година во 16,10 часот било пријавено дека во село Волково, во двор додека С.М.(53) лекар во Итна медицинска помош  била на интервенција и извршувала работни задачи кај пациентот Д.Т., физички била нападната од страна на М.Т.(24). Полициски службеници презеле соодветни мерки и активности и против М.Т. е поднесен соодветен поднесок“, соопшти МВР.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.