Најмалку 15 лица утрово загинаа, а 25 се повредени во самоубиствен бомбашки напад во тролејбус во Волгоград, во јужниот дел на Русија. Меѓу повредените има и едногодишно дете.
Овој напад следеше еден ден по самоубиствениот бомбашки напад на железничка станица во Волгоград, кој што го изврши жена, загинаа 17 лица.
Во експлозијата целосно бил уништен сино-бел тролејбус, а скршени се стакла на околните згради. Сведоците наведуваат дека во возилото имало многу ученици и помлади лица.
Тролејбусот е целосно уништен во експлозијата, која што одекна во 8,25 часот по локално време.
Националниот Комитет за борба против тероризмот соопшти дека бомбата била поставена во делот од тролејбусот наменет за патници.
Според информациите на медиумите, во Волгоград владее целосен сообраќаен колапс. Експлозијата била толку силна што ги искршила прозорците на продавниците и околните згради.