Нов напад врз саудиски аеродром, урнати пет дронови на јеменските бунтовници

Воздушната одбрана на Саудиска Арабија прессретнала во петокот ноќта пет беспилотни летала на јеменските бунтовници во вториот напад врз аеродромот Аби, на југозападот од земјата во последните два дена, соопшти колицијата на сунитските земји која ја води Ријад а се бори против побунетото шиитско племен Хути во соседен Јемен на кое се придружија и сили на поранешниот јеменски претседател.

„Саудиската противвоздушна одбрана и воздухопловните сили пресретнаа и уништија пет беспилотни летала кои милициите на побунетите Хути ги истрелале кон ародромот Аби и на Камис Мушаит“, воена база во близина на јеменската гранциа, соопшти коалицијата, пренесе саудиската службена новинска агенција SPA. Аеродромот нормално функционера и ниеден лет не е откажан, се додава во соопштението.

Јеменските бунтовници последните денови ги засилија нападите со дронови врз цели во саудиската монархија којашто од 2015 година воено интервенира во Јемен на страната на провладината коалциија која загуби големи териротии во бунтот на Хутите, вкучително и главниот град Сана. Во првото ракетирање на аеродромот во Аба во средата беа ранети 26 цивили од разни државјанства. Проектил го пробил покривот на салонот за прием на патнциите, а воздушниот сообраќај беше во прекин повеќе часови. Хутите преку нивната телевизија Al Masirah ја преземаа одговорноста за нападите со дронови врз аеродромот во Аба, наведвуајќи дека се одмаздуваат за саудиските воздушни удари од кои страда јеменскиот народ.

Во јеменската војна провладините сили со помош на коалицијата водена од Саудиска Арабија се борат против Хутие кои ја имаат поддршката од Иран и заземаа значителен дел од северот и западот на земјата. Невладината организација за човекови права Human Rights Watch (HRW) нападите и на двете страни ги квалификува како „воени злосторства“. Американската непрофитна организација за истражувања во зоните на конфликти (Armed Conflict Location and Event Data Project – ACLED), проценува дека во јеменскиот конфликт животите ги загубиле повеќе од 60.000 Јеменци. Околу 3,3 милиони луѓе се раселени, а 24,1 или повеќе од две третини од јеменското население има потреба од хуманитарна помош, а 10 милиони патат од екстремно ниво на глад, се наведува во изврштајот на Обединетие нации.