Нов обид за попречување на работата на ТВ НОВА од страна на опозицијата

Мобилното студио и екипата на ТВ НОВА што вечерва се наоѓа на митинг на СДСМ во Куманово, се соочиле со неколку непријатности од страна на полициските сили и обезбедувањето.

Имено, како што јавува репортерка од терен, најпрво по пристигнувањето на автобусот во кој се наоѓа мобилното студио, во него влегле полициски службеници и побарале легитимирање на екипата. Откако тимот на ТВ НОВА ги прикажал соодветните акредидации, полицијата го напуштила автобусот, по што пристигнале лица од обезбедувањето на митингот и притоа побарале да се препаркира автобусот, со образложение дека мобилното студио претставува безбедносен ризик на местото на коешто се наоѓа.

Досега практиката е мобилното студио да биде во близина на напојувачи на струја, меѓутоа иако истото им било објаснето на лицата од обезбедувањето, сепак инсистирале на негово поместување. Имено, веќе 16 дена мобилното студио секојдневно и наизменично известува за активностите на двете најголеми политички партии во земјава и досега никаде немало проблем.

ТВ НОВА бара да и биде овозможено професионално да известува за тековните политички случувања од страна на двете најголеми политички партии и во иднина да се избегнат било какви обиди кои би можеле да значат опструкции врз екипите кои се на работна должност.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.