Нов пакет мерки за поддршка на компаниите во Италија

18

Италијанската Влада одобри нов пакет мерки во вредност од околу 10 милијарди евра за поддршка на компаниите погодени од вториот бран на пандемијата на коронавирус.

Според мерките одобрени доцна синоќа, Рим веднаш ќе понуди 1,95 милијарди евра грантови за компаниите погодени од вирусот и ќе помогне во обезбедување храна за сиромашните.

Владата подготви и дополнителни осум милијарди евра за зајакнување на постојните шеми за помош.

Во претходните 24 часа во Италија беа регистрирани 37.242 нови случаи на коронавирус и 699 смртни случаи.

Во Италија годинава се очекува пад на економијата за најмалку девет проценти поради мерките насочени кон борба против епидемијата. 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.