Нов паркинг за велосипеди на плоштад „Македонија“

На плоштадот „Македонија“ денеска е поставено уште едно паркиралиште за велосипеди, што е донација од „Пивара АД Скопје“ и од компанијата „Кока-Кола“.

Станува збор за паркиралишта за велосипеди со модерен дизајн, во облик на препознатливото шише на „Кока-Кола“, и на нив можат да се паркираат 24 велосипеди.
Ова е една од трите паркиралишта за велосипеди што „Пивара“ ги доделува на Град Скопје. Преостанатите паркиралишта ќе бидат поставени на булеварот Кузман Јосифовски Питу во близина на зградата на Народната банка на Република Македонија, како и на булевар Јане Сандански кај ТЦ „Капитол“.

Вкупната вредност за реализација на овој проект изнесува 1.264.603 денари.