Нов пораз на Арсенал, убедлива победа на Лестер

Најлошиот почетокот на сезоната во последните 39 години продолжен е во неделата во 12-то коло на Премиер лигата со донашниот пораз ид Барнли со 01.

„Топчиите“ од 59 минута имаа играч помалку, бидејќи Гранит Џака доби црвен картон поради неспортско однесувањ, а загубија со автоголот на Пјер-Емерик Обамејанг во 73 инута, кој по изведен покренер на противникот со глава ја затресе сопствената мрежа.

Арсенал во последните пет кола освои само еден бод, се га се наоѓа на 15-то место со 13 бодови, пет над зоната на испаѓање. За Барнли ова беа важни три бода остварени на гостување кај противник од ткн „голема шестка“ во насојувањата да излезе од дното на табелата. Сега има девет бодови и е на 17-то место.

Лестер ги победи Брајтон со 3:0, па ја зголему гужвата на врвот на табелата. Двоен стрелец беше Џејмс Медисон во 27 и 44 минута, а еден погодок постигна и Џејми Варди, во 41 минута, кому ова е десеттиот гол сезонава во Премиер лига.

Лестер повторно е трет со 24 бодови, но сега со бод заостанување откако претходно во неделата киксираа Тотехем и Ливерпул, кои наместо очекувани победи одиграа само 1:1. Брајтон е 16-ти со десет бодови.

Фулам во првото полуврме го надигра гостинот од Ливерпул и засложено поведе во 23 минута преку Боби де Кордова-Рејд. Во продолжението доминираа „Редсите“ и испеа да дојде до израмнување од пеналот кој го реализираше Мохамед Салах во 79 минута. Ливерпул се одржа на второто место со 25 бодови, а Фулам дојде до само осмиот бод и е на 18-то место.

Водечкиот Тотенхем остана без победа во последните десет минути од натпреварот со Кристал Палас, откако противничкиот играч Џефри Шлап во 81 минута по прекин и лошата реакција на голманот Уго Љорис ја смести топката во мрежата за конечните 1:1. Тотенхем поведе во 23 минута кога Хари Кејн одлично со надворешен фелш погоди од 25 метри. За Кејн ова беше деветтиот погодок сезонава во Премиер лигата, а има и десет асистенции. Другиот фактор од напаѓачкиот тандем на Тотенхем, Корецот Хеунг-мин Сон, пак, има дењет голови и четири асистенции.

Тотенхем останува прв со 25 бодови, а Кристал Палас е 11-ти со 17 бодови.

Во првиот дуел од саботната програма Саутемптон дома го побдои последнопласираниот Шефилд Јунајтеред со 3:0, а стрелци беа Чи Адамс во 34, Стјуарт Армстронг во 62 и Натана Редмонд во 83 минута. Саутемптон се искачи на четвртото место со 23 бодови, еден повеќе од петтиот Челзи. Шефилд Јунајтед и натаму е единствениот тим во Премиер лигата која сѐ уште е без победа оваа сезона, последен е 20-ти со само еден бод.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.