Нов пораз на Баер Леверкузен

Во последниот дуел од 23-то коло на германското фудбалско првенство, Фрајбург го изненади на гостувањето Баер ЛЕверкузен и славеше со 2:1.

Головите за Фрајбург ги постигнаа Ермедин Демировиќ во 50 и Лна укас Холер во 61 минутата, додека стрелец за Баер, беше Леон Бејли во 70 минута.

Поразот ја продлабочи кризата на „Аптекарите“, кои претходно беа елиминирани и од Германскиот куп и од Лига Европа, а сега на првенствената табела паднаа на шестото место. Баер Леверкузен остана на 37 бодови, два помалку од петтата Борусија Дортмунд која ја има позицијата која води во Лига Европа. Фрајбург пак скокна на 8-то место со 34 бодови.

 

Претходно Унион Берлин на свој терен со 1:1 ремизираше со Хофенхајм. Домашните поведоа од пеналот кој во 9 минута го реализираше Макс Крузе, а гостите израмнија со автоголот на Нико Шлотенбек во 29 минута. Гостите беа подобри, имаа поголем посед на топката и повеќе шанси за погодок, но не успеаја да го светот текот на мечот во своја полза.

Унион Берлин е седми на табелата со 34 бодови, а Хофенхајм се искачи на 11-то место со 27 бодови.

 

Агусбург со голот на Андре Хан во 25 минута славеше на гостувањето кај Мајнц. Аугсбург сега е 13-ти со 26 бодови, а Мајнц остана на претпоследното 17-то место со 17 бодови, бод помалки од 16-та Арминија и 15-та Херта на местата кои даваат шанси за опстанок во Бундеслигата.

 

Водечки на табелата е актуелниот шампион минхенски Баерн со 52 бодови, два повеќе од второпласираниот РБ Лајпциг, а седум од третопласираниот Волфсбург. Последното место кое води во Лигата на шампионите со 42 бодови го држи франкфуртски Ајнтрехт, а Борусија Дортмунд со 39 бодови од петтата позиција моментално е пласирана за Лига Европа.